Gyro House Logo

Дознајте повеќе за Gyro House

Gyro House е македонски бренд и специјализиран ланец за гиро, создаден со една јасна идеја – да понуди вистинско гиро искуство, богати порции, препознатлив вкус и услуга на највисоко ниво.

Нашата приказна започна во април 2022 година, со отворањето на првиот Gyro House во строгиот центар на Скопје, спроти Соборниот храм. Од една идеја и еден ресторан, за само неколку години Gyro House прерасна во препознатлив и брзорастечки бренд со 4 ресторани во Македонија – Центар и Карпош во Скопје, Гевгелија и Битола.
Концептот на Gyro House е инспириран од долгогодишно искуство со традиционалната подготовка на гиро во Грција, но развиен во сопствен, препознатлив Gyro House рецепт и целосно македонска бренд-приказна. Нашата цел од самиот почеток беше едноставна – да создадеме гиро кое ќе се издвојува по вкусот, количината, квалитетот и начинот на кој се сервира.
Денес, Gyro House се позиционира како бренд број 1 за гиро во Македонија, препознатлив по своите големи и богати гира, а особено по нашиот XXL Gyro – убедливо најголемото гиро во понудата на брендот. Покрај класичното свинско, пилешко и mix гиро, нашето мени вклучува Gyro Bowl, wrap-ови, nuggets, onion rings, помфрит и други производи создадени за различни вкусови и апетити.

Но Gyro House не е само храна. Ние постојано инвестираме во модерни ресторани, технологија, автоматизација, стандардизирани процеси и професионални тимови, со цел секој гостин да добие исто Gyro House искуство – без разлика на која локација нè посетува. Во нашите понови ресторани воведуваме современи решенија како self-service системи за нарачување и напредни процеси за подготовка на храната, со кои ја подобруваме брзината и ефикасноста на услугата.
Зад брендот стои растечки тим од над 40 обучени и посветени луѓе кои секојдневно работат на тоа секој производ што излегува од нашата кујна да го задржи препознатливиот Gyro House стандард.
За нас, најважни се луѓето кои повторно се враќаат. Затоа сакаме нашите ресторани да бидат повеќе од место за брз оброк – да бидат место за добра храна, добро расположение и моменти полни со радост.
Од првиот ресторан во Скопје до нашето ширење низ Македонија, амбицијата останува иста: да продолжиме да растеме, да поставуваме нови стандарди во сегментот и Gyro House да биде првиот избор кога ќе помислите на гиро.
4 ресторани. Еден препознатлив вкус.
Најголеми гира. Голема љубов кон тоа што го правиме.
GYRO HOUSE

Нарачајте на